НАВИВАЧИ ВНИМАТЕЛНО – Блатер советува да се следи Светското фудбалско првенство од телевизија
Во Европа се разгледуваат повлекувања или бојкот на СП поради американската политика

Фото: Принтскрин
Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, изрази загриженост за безбедноста на навивачите за време на Светското првенство во САД, Канада и Мексико (11 јуни – 19 јули). Тој ги советува фановите да избегнуваат патување, наведувајќи маргинализација на политички противници и злоупотреба на имиграциските служби.
Швајцарскиот адвокат Марк Пит предупреди дека навивачите кои се однесуваат непримерно можат веднаш да бидат депортирани и дека подобро е турнирот да се следи од телевизија.
Во Европа се разгледува можен бојкот поради однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, но додека Германија размислува за повлекување, Франција нема планови за бојкот.
CATEGORIES Фудбал

