СЕ ПРИЈАВИЛ И ПОСЛЕДНИОТ ОСОМНИЧЕН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК ЗА КОЧАНИ За осомничените седум полицајци изречени мерки за претпазливост

Полицискиот службеник, осомничен за кривично дело Тешки дела против општата сигурност за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој вчера беше недостапен за орагните на прогонот денеска се пријави во Обвинителство кое за него побара мерки на претпазливост

СЕ ПРИЈАВИЛ И ПОСЛЕДНИОТ ОСОМНИЧЕН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК ЗА КОЧАНИ За осомничените седум полицајци изречени мерки за претпазливост

Полицискиот службеник, осомничен за кривично дело Тешки дела против општата сигурност за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој вчера беше недостапен за орагните на прогонот денеска се пријави во Обвинителство кое за него побара мерки на претпазливост.

Основниот кривичен суд вчера го прифати предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против шест полициски службеници од вкупно десет осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска во пожарот во Кочани. Останатите тројца службеници беа опфатени во претходната постапка.

„Согласно решенијата определени им се мерки – одземање патна исправа, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности“.

На поранешниот министер за економија Крешник Бектеши продолжен му е притворот за нови 30 дена. Поранешниот градоначалник на Општина Кочани,пак, Љупчо Папазов, осомничен за случајот со пожарот во „Пулс“ заминува од затворски и оди во домашен притвор. Одлуката е донесена по предлог на Обвинителството, откако тој еден месец помина во кумановскиот затвор. Во притвор останува министерот без ресор Шабан Салиу, откако не помина жалбата на негопвата одбрана. Ексминистрите Ваљон Сарачини и Беким Незири се во куќен притвор. Претходно, куќни притвори беа одредени и за поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев.

„Од страна на Судија на претходна постапка беа определени вкупно 24-дваесет и четири мерки за обезбедување на присуство –притвор, од кои по изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а во понатамошниот тек од постапката по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор“.

За процесот на истрагагата за пожарот во Кочани денеска реагираа од ДУИ. Тие тврдат дека еден јавен обвинител, кој бил дел од истрагата за трагичниот настан , се повлекол од предметот поради несогласувања околу квалификацијата на делото и поради политички притисоци од страна на партии во Владата.

Бараме јавно и веднаш обвинителството да одговори пред граѓаните: Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага? Ќе дозволи ли обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата? Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага? Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка“ – велат од ДУИ. 

Од обвинителство ги демантираат ваквите тврдења и велат дека ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата и целиот тим постапува непрекинато. Досега, со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочаниво кој загинаа 61 лице, опфатени се над 60 физички и три правни лица.

CATEGORIES
Share This