МВР ДЕМАНТИРА: Обвинителот Коцевски не ја провали полициската акција во Кочани

МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на Јавното обвинителство

МВР ДЕМАНТИРА: Обвинителот Коцевски не ја провали полициската акција во Кочани

По изјавата на обвинителот Љупчо Коцевски синоќа на „Телма“, дека нови седум полициски службеници се приведени како дел од истрагата за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, НАЦИОНАЛ објави дека МВР реагирало оти со ваквата изјава Коцевски им ја загрозил истрагата и не можеле да приведат некој од новите седуммина полициски службеници.

Се огласија од МВР со демантирање на ваквите тврдења.

„ МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на Јавното обвинителство,“ се вели во демантот на МВР.

CATEGORIES
Share This