НАФТАТА БЕЛЕЖИ НАЈГОЛЕМ ГОДИШЕН ПАД ОД 2020 ГОДИНА Прекумерна понуда го притиска „црното злато“

ИЕА прогнозира дека во 2026 година понудата ќе ја надмине побарувачката за 4 милиони барели дневно

НАФТАТА БЕЛЕЖИ НАЈГОЛЕМ ГОДИШЕН ПАД ОД 2020 ГОДИНА Прекумерна понуда го притиска „црното злато“
Фото: Принтскрин

Минатата недела цените на нафтата се движеле речиси непроменето, со благо зголемување на лондонскиот пазар за 0,2% (на 60,64 долари за барел) и на американскиот пазар за 0,1% (56,74 долари за барел).

Во кратката работна недела поради божиќните празници, нема значајни промени бидејќи прогнозите за понудата и побарувачката останаа исти.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) прогнозира дека во 2026 година понудата може да ја надмине побарувачката за околу четири милиони барели дневно. ОПЕК и нејзините партнери ја зголемија продукцијата оваа година, но економскиот раст на најголемите светски економии е помал од очекуваното.

Цените добија краткорочна поддршка од геополитичките тензии, како блокадата на венецуелската нафта од САД, но остануваат под притисок поради прекумерната понуда. Дополнително, можното приближување кон мир во Украина може да доведе до враќање на руската нафта на светските пазари, што дополнително би ги намалило цените.

Од почетокот на годината, цените на нафтата паднаа за околу 19% на лондонскиот и 21% на американскиот пазар, што може да претставува најголем годишен пад од 2020 година.

CATEGORIES
Share This