ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СТРУЈА Без електрична енергија Илинден и Карпош

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СТРУЈА Без електрична енергија Илинден и Карпош

Поради изведување технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска дел од корисниците во општините Илинден и Карпош ќе останат без електрична енергија.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, од 08:30 до 15:00 часот прекин во напојувањето ќе имаат домаќинствата на улицата 27 во населбата Белимбегово, како и дел од улица 2 во село Кадино, на потегот кон црквата „Свети Илија“, во општина Илинден (од 09:00 до 15:00 часот).

Исто така, од 11:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Љубљанска“ во општина Карпош.

Од надлежните служби посочуваат дека снабдувањето со струја ќе се воспостави веднаш по завршување на планираните активности на терен.

CATEGORIES
Share This