ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ КУП – Познати полуфиналните двојки

Завршницата на Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ најавува возбудливи дуели помеѓу најдобрите четири екипи

ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ КУП – Познати полуфиналните двојки
Фото: Принтскрин

Екипите на Баскет кам, Бадел 1862, Крива Паланка и МЗТ Бела вода ќе играат во завршницата на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“. Највозбудливо беше во дуелот меѓу ланскиот победник Вардар и МЗТ Бела Вода, каде кошаркарките на тренерот Горан Крстевски приредија изненадување и го елиминираа освојувачот на ланскиот Куп. Гостинската екипа поведе уште на почетокот и го одржуваше водството речиси целиот натпревар, за на крајот да триумфира со 77:69.

Во другите четвртфинални натпревари убедливи победи забележаа Бадел 1862 и Крива Паланка, кои ги совладаа Пробаскет, односно Патриот 2016. Ден претходно, Баскет Кам го декласираше Спорт Тим со 87:47.

Во четвртфиналмните натпревари беа постигнати следните ерзултати:

Баскет Кам – Спорт Тим 69:31

Бадел 1862 – Пробаскет 93:62

Крива Паланка – Патриот 2016 100:50

Вардар – МЗТ Бела Вода 69:77

Во полуфиналето на завршниот турнир ќе играат Крива Паланка – Бадел 1862 и Баскет Кам – МЗТ Бела Вода.

CATEGORIES
Share This