СКАНДАЛ ВО ТУРСКИОТ ФУДБАЛ Уапсен и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Обвинителството во Истанбул издаде 29 налози за апсење поради местење натпревари и нелегално обложување

СКАНДАЛ ВО ТУРСКИОТ ФУДБАЛ Уапсен и поранешниот потпретседател на Галатасарај
Фото: Принтскрин

Во рамки на обемната истрага за местење натпревари и нелегално обложување во турскиот фудбал, Истанбулското обвинителство денеска соопшти дека се приведени дополнителни 24 лица. Меѓу уапсените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај, Ерден Тимур.

Покрај него, приведени се и потпретседателот на прволигашот Ејупспор, Фатих Кулаксиз, како и еден функционер на Турската фудбалска федерација.

Обвинителството информира дека се издадени вкупно 29 налози за апсење, од кои 14 се однесуваат на фудбалери осомничени дека се обложувале на пораз на сопствените екипи. Шестмина од нив се под истрага поради сомнеж дека се обложувале и директно влијаеле врз исходот на натпреварот меѓу Касимпаша и Самсунспор, одигран во октомври 2024 година.

Ова претставува трет бран апсења во рамки на истрагата за корупција и местење натпревари во турскиот фудбал.

Претходно, Турската фудбалска федерација во ноември суспендираше околу 150 фудбалски судии, како и речиси 1.000 фудбалери, од кои 25 настапувале во Првата лига.

CATEGORIES
Share This