ПРОТЕСТОТ НА ПЛАСТИЧАРСКА ЕСКАЛИРАШЕ 24-годишник тепал полицаец

Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани телесни повреди

ПРОТЕСТОТ НА ПЛАСТИЧАРСКА ЕСКАЛИРАШЕ 24-годишник тепал полицаец
Фото: Принтскрин

Полициски службеници од СВР Скопје на 23 декември 2025 година околу 15:10 часот го лишиле од слобода А.С. (24) од Скопје, поради напад врз полициски службеник на подрачјето на Бит Пазар.

Инцидентот се случил на крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и улицата „Македонско-косовска бригада“, за време на одржување протест, кога полицискиот службеник извршувал службени дејствија и го регулирал сообраќајот. Осомничениот физички го нападнал полицаецот, при што му нанел телесни повреди.

Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани телесни повреди.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

CATEGORIES
TAGS
Share This