ЗА ДОБРО ИЛИ ЗА ЛОШО Сите држави од Западен Балкан спомнати, освен Македонија

На прес-конференција во Луксембург, по средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ, Калас кажа по нешто за сите држави од Западен Балкан, освен за Македонија

ЗА ДОБРО ИЛИ ЗА ЛОШО Сите држави од Западен Балкан спомнати, освен Македонија

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, денеска (14 април) изјави дека стабилноста и безбедноста на Западен Балкан се есенцијални и дека процеот на проширувањето на ЕУ е многу важен и мора да напредува. На прес-конференција во Луксембург, по средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ, Калас кажа по нешто за сите држави од Западен Балкан, освен за Македонија.

„Албанија и Црна Гора прават добри чекори и реформи и се надеваме дека таму ќе имаме успешни приказни. Босна и Херцеговина е во уставна криза. Јасно е дека секој обид за распарчување на Босна и Херцеговина е неприфатлив. Политичките лидери мора да ги премостат разликите, а не да ги продлабочуваат… Во врска со Србија и Косово нормализацијата на односите е од најголемо значење, затоа мора да продолжи дијалогот Белград-Приштина“, рече Калас.

Таа упати и предупредување дека ЕУ нема да гледа благонаклоно на чие било учество на прославата на 9 мај во Москва, затоа што Русија покрена војна во Европа.

CATEGORIES
TAGS
Share This