ЖДРЕБ ЗА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА Мечевите почнуваат на 26 април, финалето во мај

ЖДРЕБ ЗА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА Мечевите почнуваат на 26 април, финалето во мај

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше одржан ждребот за новото издание на Купот на Македонија. Мечевите од групната фаза ќе се одиграат на 26 и 27 април, додека завршниот турнир е закажан за периодот од 15 до 18 мај.

Во оваа фаза учествуваат сите 12 суперлигаши, а им се приклучуваат и четири прволигашки екипи. Домаќините на групите дополнително ќе бидат објавени – доколку нема организатор, финалниот натпревар ќе се игра кај екипата со помал број.

Бранител на трофејот е Алкалоид, додека Еурофарм Пелистер важи за еден од главните фаворити. Битолчани имаат поволен ждреб со противници од долниот дел на табелата. Вардар ќе се соочи со Бутел Скопје, а победникот од тој дуел ќе игра против подобриот од Борец ФЛ и Еурофарм Пелистер 2.

Највозбудлива е групата 4, каде што Охрид и Тиквеш се фаворити за место на завршниот турнир.

 

Куп на Македонија, групна фаза:

група 1 Алкалоид (1) – Мулти Есенс (4) Партизан Гевгелија (2) – Пролет (3)

група 2 Еурофарм Пелистер (1) – Куманово (4) Радовиш (2) – Струга (3)

група 3 Вардар (1) – Бутел Скопје (4) Борец ФЛ (2) – Еурофарм Пелистер 2 (3)

група 4 Прилеп (1) – Охрид (4) Тиквеш (2) – Аеродром (3)

CATEGORIES
Share This