МОЌНА ПОРАКА ОД ВУЧИЌ Србија е на своја страна, без разлика на Вашингтон, Брисел или Москва

Вучиќ предупредува дека секој кој размислува за напад ќе се соочи со непресметливи загуби

МОЌНА ПОРАКА ОД ВУЧИЌ Србија е на своја страна, без разлика на Вашингтон, Брисел или Москва
Фото: Принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ преку објава на Инстаграм порача дека Србија води независна политика и дека е „на своја страна“, без разлика дали тоа им се допаѓа на Вашингтон, Брисел, Москва или на кој било друг центар на моќ.

„Србија е на своја страна. Не сакаме војна, но ја зајакнуваме нашата армија и набавуваме нови системи. Сакам граѓаните да бидат мирни“, напиша Вучиќ.

Тој истакна дека земјата располага со силни средства за одвраќање и предупреди дека секој кој би помислил да ја загрози Србија треба да знае дека таков напад би резултирал со непресметливи загуби и не би можел да успее.

CATEGORIES
Share This