СПОРТ И СЕЌАВАЊЕ – Меморијален турнир за загинатите припадници на Армијата и полицијата
Министерствата за одбрана и внатрешни работи и здружението „Херои на Македонија 2001–2015“ организираат турнир

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир во мал фудбал, посветен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија во 2001 година, како и на загинатите припадници на полицијата во настаните во Куманово во 2015 година.
На меморијалниот турнир ќе учествуваат екипи составени од припадници на Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.
Свеченото отворање ќе биде одбележано со обраќања на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Владо Стојановски.
Годинешното издание на меморијалниот турнир се одржува во коорганизација на Министерството за одбрана и Здружението на загинати припадници на вооружените сили на Македонија – „Херои на Македонија 2001-2015“.


