ЛАЗАРОВ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ – 21 ракометар за подготовките за ЕП
Македонската репрезентација ќе игра во групата Б во Данска против домаќинот, Португалија и Романија

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска го објави списокот на ракометари кои ќе бидат повикани за подготовките за Европското првенство во јануари следната година, кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Вкупно се повикани 21 ракометар, меѓу кои единствениот дебитант е Самоил Ристевски од Еурофарм Пелистер, додека Мартин Томовски, голманот на германскиот клуб Битигхајм, е единствениот играч кој настапува во странство.
Подготовките за настап на Европското првенство ќе започнат во понеделник во Скопје.
Македонската репрезентација ќе игра во групата Б во данскиот град Хернинг, против домаќинот Данска, како и против Португалија и Романија. Во следната фаза ќе се пласираат двете првопласирани екипи.
Лазарво ги повика следните ракометари:
Голмани: Мартин Томовски, Никола Митревски, Иван Галевски
Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов
Десни крила: Ненад Костески, Никола Костески
Средни бекови: Марко Митев, Игор Ѓоргиев, Мартин Ивановски
Леви бекови: Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Дамјан Митев
Десни бекови: Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Мартин Велковски
Пивоти: Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Самоил Ристевски, Михаил Аларов


