INSTAGRAM REELS ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ НА ТЕЛЕВИЗОРИТЕ Целта е корисниците да уживаат во кратки видеа на голем екран
Содржината ќе се прикажува автоматски и ќе биде организирана по категории, со можност за прескокнување видеа, лајкување, коментирање и споделување.

Фото: Meta
Meta ја најави иницијативата „IG for TV“, со која Instagram Reels за првпат ќе бидат достапни на телевизорите, почнувајќи од Amazon Fire TV уредите во САД. Целта е корисниците да уживаат во кратки видеа на голем екран, како алтернатива кога немаат време за филм или серија.
Содржината ќе се прикажува автоматски и ќе биде организирана по категории, со можност за прескокнување видеа, лајкување, коментирање и споделување. Апликацијата ќе се поврзува со постоечки Инстаграм профили. По тестирањето во САД, Meta најави проширување на услугата и на други платформи ширум светот.
CATEGORIES Магазин


