ПРИЈАВЕНИ КАКО ИСЧЕЗНАТИ ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕВОЈЧИЊА Едното пронајдено во село Илинден

ПРИЈАВЕНИ КАКО ИСЧЕЗНАТИ ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕВОЈЧИЊА Едното пронајдено во село Илинден

Полицијата го пронајде едно од двете малолетни девојчиња кои беа пријавени за исчезнати. Пронајдено е малолетното девојче од село Кадино за кое беше пријавено дека денеска, 13 април, се оддалечило од дома, информираше Министерството за внатрешни работи. Во полициската станица Петровец ноќва во 01.22 часот во Полициското одделение Петровец, нејзиниот родител И.Г.(42) од село Кадино, скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка Р.Г. (15) од село Кадино.

Случајот е расчистен и малолетничката е вратена кај семејството.
По второто исчезнато малолетно девојче се трага. Вчера во 15.20 часот во СВР Струмица, М.В. (70) пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата внука Ј.А. (10).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

CATEGORIES
TAGS
Share This