НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ Пикси ја напушта Србија и оди во Русија
Поранешниот селектор на Србија ја прифати понудата од Рубин Казан, клубот од Русија кој се наоѓа на седмото место.

Името на Драган Стојковиќ, познат како Пикси, долго време се поврзуваше со Азија, особено по неговиот мандат како селектор на репрезентацијата на Србија. Сепак, Пикси неодамна доби понуда што тешко можеше да ја одбие – нова дестинација која никој не ја очекуваше.
По успешната тренерска кариера во Јапонија и Кина, Саудиска Арабија долго време се споменуваше како следна станица за Пикси по завршувањето на работата со националниот тим. Меѓутоа, одненадеж, тој се најде на клупата на рускиот клуб Рубин Казан.
Претходниот тренер на Рубин, Рашид Рахимов, беше отпуштен од претседателот на Република Татарстан, Рустам Миниханов, а според рускиот новинар Иван Карпов, Стојковиќ е главниот кандидат за нов тренер на тимот. Рахимов го остави клубот на седмото место на табелата, шест бода зад шестопласираниот Спартак Москва. Во последните седум натпревари, Рубин забележа само една победа и исто така беше елиминиран од локалниот куп.
Драган Стојковиќ ја започна својата тренерска кариера во 2008 година, кога ја напушти функцијата претседател на Црвена Звезда и го презеде тренерското кормило на Нагоја, клуб во кој остави значајна трага и како играч. Во Јапонија го водеше тимот до шампионска титула, а потоа од 2015 до 2020 година работеше во Кина како тренер на Гуангжу „Р&Ф“.
Од 2021 година, Пикси ја предводеше српската репрезентација, со која се квалификуваше за Светското првенство во Катар и за Европското првенство во Германија. Сепак, оваа есен ја напушти селекторската функција, откако Србија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.


