НОВ ПЕХАР ЗА НОВИ ПОБЕДИ – Учествувај во конкурсот на ФФМ
Апликациите се примаат до 15 март 2026 на е-пошта или во архивата на ФФМ.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за дизајн на нов пехар наменет за шампионот на Првата фудбалска лига на Македонија. Цел на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал.
Право на учество имаат академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз Секој учесник може да достави максимум три идејни решенија.
Барањето на заинтересираните за конкурсот треба да содржи кратко образложение за концептот на пехарот, визуелна презентација (скица, 3D рендер, технички цртеж или фотографии од макета), предлог материјали, висина и форма на пехарот и контакт информации.
Критериуми за избор се креативност и оригиналност, препознатлив македонски визуелен идентитет, функционалност и издржливост, можност за реализација и естетика и симболика
Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 15 март 2026 на Е-пошта: ffm@ffm.com.mk или директно во Архивата на ФФМ, бул. АСНОМ 21


