ИЗДАДЕНИ ДОЗВОЛИ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА ДО НОЕМВРИ 2025 – Македонија на шесто место по број на дозволи
Најголем број дозволи издадени за граѓани од Босна и Херцеговина, Непал и Србија

Од почетокот на 2025 година до 30 ноември, во Хрватска се издадени вкупно 160.176 дозволи за престој и работа, според месечните статистички прегледи на Министерството за внатрешни работи, според кој, нови вработувања за 76.700 дозволи, за продолжување на постоечки дозволи 64.009 дозволи и за сезонска работа 19.467 дозволи.
Според официјалната статистика, во Полициската управа во Загреб се издадени вкупно 40.170 дозволи и тоа за нови вработувања 18.724, за продолжување на дозволи 21.033 и за сезонска работа 413 дозволи.
Најголем број дозволи за престој и работа до 30 ноември 2025 година се издадени на граѓани на следниве земји: Босна и Херцеговина – 30.188, Непал – 29.579, Србија – 23.145, Филипини – 16.195, Индија – 14.500, Македонија – 11.384, Косово – 5.860, Египет – 5.149, Узбекистан – 5.161 и Бангладеш – 3.183 дозволи.


