ВО СОБРАНИЕТО ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВААТ ПОВЕЌЕ КОМИСИИ На дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка

ВО СОБРАНИЕТО ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВААТ ПОВЕЌЕ КОМИСИИ На дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка

Во Собранието денеска ќе заседаваат повеќе комисии, меѓу кои за надзор над безбедносните агенции, за одбрана и безбедност, транспорт и животна средина, политички систем, економски прашања, финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред се повеќе предлог-закони по скратена постапка, меѓу кои измените на законите за полиција, безбедност на сообраќајот, прекршоците, санкциите, возилата, буџетите и експропријацијата, како и закони за концесии и јавно-приватно партнерство.

Ќе се разгледуваат и државни гаранции за проекти на ЕСМ за фотонапонската електроцентрала Битола 3 и ревитализација на хидроелектрани, како и резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и политики против нелегалната миграција.

CATEGORIES
TAGS
Share This