ЕНЕРГИЈА, ПОЛИТИКА И САНКЦИИ Саудискиот „Мидад енерџи“ го купува „Лукоил“

Компанијата важи за прифатлив партнер и за Москва и за Вашингтон поради балансираната политика на Ријад.

ЕНЕРГИЈА, ПОЛИТИКА И САНКЦИИ Саудискиот „Мидад енерџи“ го купува „Лукоил“
Фото: Национал

Саудиската компанија „Мидад енерџи“ се вбројува меѓу водечките кандидати за купување на меѓународните средства на „Лукоил“, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Компанијата планира трансакцијата да се реализира преку ескроу сметка, на која средствата би останале депонирани сè додека не се укинат санкциите кон руската нафтена групација.

„Мидад енерџи“ е дел од „Мидад холдинг“, подружница на „Ал Фозан холдинг“ една од најголемите семејни бизнис-групации во Саудиска Арабија. Компанијата активно се шири на меѓународните пазари и веќе работи во Алжир, Азербејџан и Египет.

Извршниот директор Абдула Ал-Ајбан има блиски врски со саудискиот безбедносен естаблишмент, што според аналитичарите ја прави компанијата потенцијално прифатлив партнер и за Москва и за Вашингтон, во услови на балансирана политика на Ријад кон Русија и САД.

CATEGORIES
Share This