РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА Повеќе скопски улици без вода

Прекин во водоснабдувањето е најавен за денеска од 9:00 часот во повеќе улици во Скопје, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Бањалучка“, „Осло“, „Будимпештанска“, „Урош Џудовиќ“, „Љубица Георгиева“, како и делови од „Женевска“ и „Васил Чакаларов“.
Од јавното претпријатие појаснуваат дека прекинот е поради реконструкција на водоводна цевка со пречник од 300 милиметри, која се изведува на улицата „Бањалучка“ број 10. Работите се дел од планирано подобрување на водоводната инфраструктура во овој дел од градот.
Водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено по целосно завршување на санациските активности, а од „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните навремено да се снабдат со потребни количини вода.


