ТЕХНИЧКИ ЗАФАТИ ЌЕ ОСТАВАТ ПОВЕЌЕ НАСЕЛБИ БЕЗ СТРУЈА Делови од Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без електрична енергија

ТЕХНИЧКИ ЗАФАТИ ЌЕ ОСТАВАТ ПОВЕЌЕ НАСЕЛБИ БЕЗ СТРУЈА Делови од Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без електрична енергија

Повеќе делови од Скопје и околината денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Прекин во снабдувањето со струја е најавен во село Марино, каде што дел од корисниците ќе бидат без електрична енергија во периодот од 8:20 до 14:20 часот. Во Општина Карпош, корисниците од улицата „Козле“, крак 2, ќе останат без струја од 9:00 до 15:00 часот.

Во Општина Кисела Вода, прекин е планиран од 10:00 до 13:00 часот за жителите на улиците „1511“ и „1512“, во близина на автосервисот „Мечкаров“. Дополнително, во Општина Гази Баба, дел од корисниците на улицата „Коце Металец“ ќе бидат без електрична енергија во периодот од 11:00 до 14:00 часот.

Од РЦУК наведуваат дека исклучувањата се резултат на редовни технички зафати со цел одржување и унапредување на електродистрибутивниот систем.

CATEGORIES
Share This