ДОМАШНИ ЅВЕЗДИ И БОГАТА ПРОГРАМА Скопје подготвено за дочек на 2026

ДОМАШНИ ЅВЕЗДИ И БОГАТА ПРОГРАМА Скопје подготвено за дочек на 2026

Скопје се подготвува за дочек на Новата година во знакот на домашната музичка сцена, со богата програма и настапи на некои од најпознатите македонски изведувачи. Новогодишната ноќ на плоштадот ќе мине во ритамот на хитовите на Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Куку Леле, 2 Бона и други музички имиња кои се дел од официјалната програма.

Покрај централната прослава, и скопските општини најавуваат сопствени настани и содржини за дочекот, со што празничната атмосфера ќе се прошири низ повеќе делови на градот.

Од Град Скопје информираат дека празничната програма ќе започне уште на 15 декември и ќе трае до крајот на месецот. Секоја вечер, почнувајќи од 18 часот, плоштадот ќе биде сцена за музички настапи, диџеј сетови и различни уметнички изведби, додека викендите ќе бидат резервирани за најмладите, со детски претстави, анимации и интерактивни содржини.

Кулминацијата на прославите е планирана во последните денови од декември. Централната новогодишна програма официјално стартува на 27 декември, кога на плоштадот „Македонија“ напладне е најавено и традиционалното пристигнување на Дедо Мраз. Во забавниот дел ќе се вклучат и средношколски бендови, кои ќе добијат можност да настапат пред поширока публика и да ја збогатат празничната атмосфера.

CATEGORIES
Share This