НИКОЛА МИЦЕВСКИ – Поднесуваме резолуција за крај на шпекулациите за мигранти

Резолуцијата од девет точки има за цел да стави крај на лажните тврдења за мигрантски кампови во земјата

НИКОЛА МИЦЕВСКИ – Поднесуваме резолуција за крај на шпекулациите за мигранти
Фото: Национал

ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалициите ВРЕДИ и ЗНАМ, подготви и поднесе Резолуција за осуда на манипулациите од опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Резолуцијата, составена од девет точки, има за цел еднаш засекогаш да стави крај на манипулативната тема за мигрантите, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа Резолуција се осудува секое манипулативно однесување и се порачува дека завршуваат сите шпекулации и лажни тврдења за наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови за мигранти во земјата. Воедно, се дефинира јасна рамка на државната мигрантска политика.

„По ширењето на лажни вести и манипулации од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подготви резолуција со која еднаш засекогаш ставаме точка на измислената тема за мигранти. Со оваа Резолуција потврдуваме дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат преговори за мигранти. Граѓаните можат да бидат спокојни – ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на народот“, истакна Мицевски.

Резолуцијата е поднесена денеска и се очекува веќе утре да се најде на дневен ред на Собранието.

Во однос на резолуцијата од СДСМ, Мицевски нагласи дека не веруваат во нивната чесна намера и затоа поднесуваат своја Резолуција во која се наведени сите потребни елементи.

CATEGORIES
Share This