РАЗЛИКИ ВО ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА Швајцарија води, Македонија на дното на листата

Ниските цени не значат полесен живот: во Југоисточна Европа храната сочинува над 20% од семејниот буџет.

РАЗЛИКИ ВО ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА Швајцарија води, Македонија на дното на листата
Фото: Принтскрин

Според најновите податоци на Евростат за 2024 година, разликите во цените на храната низ Европа се огромни. Додека Швајцарците плаќаат до 61% повеќе од просекот на Европската Унија (индекс 161,1), Македонија се наоѓа на дното со цени за 27% пониски од просекот.

Во рамките на ЕУ, најскапа храна е во Луксембург (25,7% над просекот), следат Данска, Ирска, Франција, Австрија и Малта. Најпристапна храна е во Романија (25,4% поевтино), а ниски цени се типични и за други земји од Југоисточна Европа и Западен Балкан, како Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Бугарија.

Причините за разликите се повеќекратни како што се приходи и плати при што земјите со повисоки плати, како Швајцарија и Данска, имаат поголеми трошоци за работна сила во земјоделство и преработка. Понатаму одданочувањето и различните стапки на ДДВ и даноци влијаат на конечните цени. Исто така фактор е и побарувачката при што потрошувачите во побогатите земји повеќе купуваат органски или брендирани производи. Конечно и структурни фактори како што се трошоците за производство и изложеноста на глобални шокови, како пандемии или конфликти, ги зголемуваат цените во помалите и поотворените економии.

Важно е да се напомене дека ниските цени не значат полесен живот. Во земјите од Централна и Источна Европа, храната сочинува над 20% од семејниот буџет, додека во побогатите економии уделот е под 12%. Како резултат, иако цените се пониски, ефектот врз домаќинствата со помали приходи е многу поголем.

Со други зборови, високите цени во Данска можат да се апсорбираат поедноставно благодарение на повисоките приходи, додека во Македонија и други земји со пониски плати и ниски цени, храната сè уште претставува значаен финансиски товар.

CATEGORIES
Share This