15-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА ЧКЕМБАРИ НОВА БИТОЛА – Организирано гостување во Охрид
Навивачката подгрупа на Чкембари ќе го одбележи јубилејот со организирано гостување на натпреварот во Охрид

Во недела, 14 декември, Чкембари Нова Битола, подгрупа на навивачката група Чкембари, одбележуваат голем јубилеј – 15 години постоење, верност и безрезервна поддршка на РК Пелистер.
Петнаесет години исполнети со трибини и гостувања, со песни што одекнуваат, знамиња што се веат и срце оставено за зелено-белите бои. Петнаесет години љубов што не згаснува и поддршка што не познава граници.
Јубилејот ќе биде одбележан онака како што најдобро знаеме, со организирано гостување на ракометниот натпревар во Охрид. Чкембарите повторно ќе застанат зад својот клуб гласно, достоинствено и масовно, со една цел – денот да биде крунисан со победа на Пелистер и вистинска навивачка дружба, достојна за јубилејот што се слави.
Превозот е обезбеден. Поаѓањето е во 16:00 часот од Бутки, кај Ракометно.
Чкембари Нова Битола се симбол на континуитет и млада сила што го носи и чува чкембарскиот дух, пренесувајќи ја љубовта кон Пелистер од генерација на генерација. Овој јубилеј е уште еден доказ дека верноста кон клубот не се мери со резултати, туку со присуство секогаш и секаде.
Битола живее, Пелистер се сака!
15 години на трибина – со Пелистер до крај!


