СТРАТЕШКИ ВАЖНИОТ СЕВЕРСК ПАДНА – Отворен патот кон Славјанск и Краматорск

Руски експерт: Контролата над Северск ја приближува целта за ослободување на ДНР

СТРАТЕШКИ ВАЖНИОТ СЕВЕРСК ПАДНА – Отворен патот кон Славјанск и Краматорск
Фото: Принтскрин

Завршувањето на офанзивата и преземањето контрола над стратешки важниот град Северск во ДНР отвора можност за понатамошен напредок на руските сили кон Славјанск и Краматорск. Ова го истакна рускиот воен експерт Алексеј Леонков, додавајќи дека овој развој значително ја приближува целта на Специјалната воена операција – целосно ослободување на Донецката Народна Република.

На прашањето за стратешкото значење на Северск, Леонков објасни дека градот често се нарекува „Источна порта“ кон агломерацијата Славјанск-Краматорск.

„Се обидовме да го освоиме на почетокот на СВО, но конечно успеавме да го ставиме под контрола дури сега. Тоа отвора перспектива за понатамошна офанзива на руските сили кон Славјанск и Краматорск“, изјави тој за Спутник.

Според Леонков, Северск припаѓа на тврдинските градови и неговата одбрана чинела висока цена на противникот.

„Нападот и ослободувањето (окупацијата) на градот беа тешки, но искуството и координацијата на руските единици значеа дека непријателот не можеше да го задржи“, рече тој.

Тој додаде дека украинската армија сега се наоѓа во комплицирана позиција на источните периферии на Славјанск и Краматорск, каде што руските сили вршат притисок од север (Красни Лиман) и од југ (Константиновка и Дружковка).

„Може да се каже дека сега започнува следната фаза со цел ослободување на тие градови од украинската армија“, истакна Леонков.

Експертот објасни дека украинските сили се во тешка ситуација, со недостаток на резервни единици и борбено способни сили кои се распоредени во ринг. Тој посочи дека ваква е ситуацијата во Димитров и Мирноград, каде што украинските единици сè уште упорно се спротивставуваат, но наскоро ќе бидат совладани. Исто така, проблеми имаат и во близина на Купјанск, каде што украинските војници се обидуваат да се извлечат, но безуспешно.

Леонков истакна дека руските сили истовремено бележат напредок на правецот Запорожје, во близина на Гуљајпоље и Орехово. Тој нагласи дека украинската команда не издава наредби за повлекување, и борбата се води „до последниот Украинец“.

Во стратешка смисла, експертот смета дека линијата на поделба се израмнува, а сè оди кон ослободување на Славјанск и Краматорск, што е најлошата можна вест за украинската страна. Тој додаде дека украинската пропаганда ја прикрива загубата на Северск, тврдејќи дека градот сè уште е под контрола на украинските сили.

CATEGORIES
Share This