ОСКВЕРНАВЕН СПОМЕНИКОТ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ Ветување од премиерот Мицкоски и министрите Тошковски Љутков за обнвовување на споменикот и наоѓање на виновниците

Споменикот е отворен на 30 јуни 1988 година кога се одржа Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Споменикот е симбол на голготата на Македонците протерани од родните огништа за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година

ОСКВЕРНАВЕН СПОМЕНИКОТ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ Ветување од премиерот Мицкоски и министрите Тошковски Љутков за обнвовување на споменикот и наоѓање на виновниците

Македонското Патриотско Здружение В’мбел Егеј преку Фејсбук се обрати со своите членови, симпатизери, поддржувачи.

„Сакаме да ве информираме дека нашето здружение во координација со останатите здруженија на македонците по потекло од егејскиот дел на Македонија во изминатите неколку дена контактираше со највисоките државни органи во врска со вандалскиот чин извршен врз споменикот симбол на нашата голгота. Добивме цврсти уверувања од премиерот на Република Македонија Проф. Христијан Мицкоски и министрите за внатрешни работи и култура Панче Тошковски и Зоран Љутков дека ќе сторат се во најбрз можен рок да се обнови комплетно споменикот и да се казнат виновниците за неговото сквернавење. Егејот е душата на Македонија, велат од Македонско Патриотско Здружение В’мбел Егеј“ – се вели во написот на Здружението.

Инаку, на 9 април беше украден рељефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, откорнати се бронзените букви од натписот „Татковината копнеж на прогонетите“ и украдени се околу 10 метри метални цевки поставени во фонтаната која е дел од споменикот. Оштетени се и неколку мермерни плочи поставени околу споменикот.

Споменикот е отворен на 30 јуни 1988 година кога се одржа Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Споменикот е симбол на голготата на Македонците протерани од родните огништа за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This