АБЕЦЕДАРОТ СТО ГОДИНИ ПОДОЦНА – Промоција утре во Скопје

Настанот го организира Сојузот на здруженија „Македон“ и ќе се одржи утре во 11 часот во Универзитетот „Скопје“.

АБЕЦЕДАРОТ СТО ГОДИНИ ПОДОЦНА – Промоција утре во Скопје
Фото: Принтскрин

Промоцијата на јубилејното издание „Абецедарот – сто години потоа“ (1925–2025) ќе се одржи утре во Скопје. Книгата содржи авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар. Настанот е организиран од Сојузот на здруженија „Македон“ и ќе започне во 11 часот во Универзитетот „Скопје“.

Промотори на изданието се проф. д-р Никола Жежов и проф. д-р Валентина Миронска, а одломки од книгата ќе читаат актерите Никола Кузелов и Игор Трпчески.

Јубилејното издание „Абецедарот – сто години потоа“ е составено од два дела. Првиот дел содржи предговор и три авторски статии од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар. Вториот дел го презентира оригиналниот „Абецедар“: на левата страна се прикажани страниците во нивната оригинална форма, додека на десната страна се наоѓаат транскрибирани во кирилско писмо.

CATEGORIES
Share This