ВЕНЕЦУЕЛА ГИ ОБВИНИ САД ЗА „ПИРАТСТВО“ Вчера САД го заплени танкерот „Скипер“ кој превезувал санкционирана нафта
Американските власти соопштија дека танкерот „Скипер“ превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран, а во акцијата учествувале војска, ФБИ, Крајбрежната стража и други служби.

Венецуелската влада ги обвини САД за „кражба и пиратство“ по запленувањето на танкер под санкции покрај нејзиниот брег, најавувајќи дека случајот ќе го изнесе пред меѓународни институции. Министрите и претседателот Мадуро остро реагираа, нарекувајќи ја акцијата „меѓународно пиратство“ и обвинувајќи дека САД се обидуваат да ги украдат венецуелските ресурси.
Доналд Трамп ја потврди заплената и изјави дека САД ќе ја задржат нафтата. Американските власти соопштија дека танкерот „Скипер“ превезувал санкционирана нафта од Венецуела и Иран, а во акцијата учествувале војска, ФБИ, Крајбрежната стража и други служби. Ова е прв ваков случај од санкциите во 2019 година.
„Скипер“, веќе санкциониран од 2022, наводно лажирал позиција и бил поврзан со нелегален шверц. Заплената доаѓа во период на зголемени американски притисоци врз режимот на Мадуро, кој ја обвинува Вашингтон за мешање и обид за присвојување на венецуелската нафта.


