МУНДИЈАЛОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРКИ ОСТАНА СОН Ќе чекаме следна шанса
Македонија бркаше победа со повеќе од четири голови за анулирање на негативата од мечот одигран на гостински терен во Полска, но и покрај тоа што покажа добра игра, а ја имаше и поддршката од фантастичната публика, не успеа да најде решние за расположените полски ракометарки

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во Битола повторно загуби од Полска со 21-23 и не успеа да се квалификува на Светското првенство. Ракометарките одиграа добро и во вториот натпревар против фаворизираната Полска во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година, но како и на првиот дуел претрпе минимален пораз.
Македонија бркаше победа со повеќе од четири голови за анулирање на негативата од мечот одигран на гостински терен во Полска, но и покрај тоа што покажа добра игра, а ја имаше и поддршката од фантастичната публика, не успеа да најде решние за расположените полски ракометарки.
Полска подобро го започна натпреварот и поведе со 2-0, предноста која донесе полесна игра на гостинските ракометарки во продолжението од средбата. Македонија постојано се враќаше во игра, на полувреме резултатот беше и изедначен со 10-10, но Полска продолжи да го диктира темпото во вторите 30. минути. Не дозволи македонска предност, одлеваше на налетите и изедначувањата на Македонките па со оглед на предноста од првиот меч приреди мирен финиш на средбата.
Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Катерина Дамјановска со пет погодоци, четири имаше Ива Младеновска, по три постигнаа Ангела Јанкуловска и Јована Саздовска.


