ВО СРБИЈА ЗАПЛЕНЕТА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ДРОГА Уапсен водач на организирана криминална група

Во акцијата учествуваа УКП и Службата за борба против организираниот криминал, во координација со Јавното обвинителство за организиран криминал.

ВО СРБИЈА ЗАПЛЕНЕТА ГОЛЕМА КОЛИЧИНА НА ДРОГА Уапсен водач на организирана криминална група

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека српската полиција запленила 81,2 кг кокаин и 110 кг марихуана. Во акцијата учествуваа УКП и Службата за борба против организираниот криминал, во координација со Јавното обвинителство за организиран криминал.

Уапсени се четири лица, меѓу кои С.Ш. (38) – водач на организираната криминална група, кој ја финансирал и организирал транспортот на дрогата. Членови на групата се Д.С., С.Р. и Ј.П., кои ја вршеле дистрибуцијата, користејќи компании за патен транспорт во ЕУ.

Во рамки на меѓународната акција, С.Р. е уапсен во Виена со кокаин и 15.000 евра, а Ј.П. во Барселона со марихуана скриена во товарно возило. Осомничените С.Ш. и Д.С. се задржани до 48 часа и ќе бидат приведени во Јавното обвинителство.

CATEGORIES
Share This