РЕВОЛУЦИЈА ВО БАНКАРСТВОТО Албанија добива прва целосно дигитална банка
Банката JET Bank ќе комбинира напредна технологија со безбеден и клиентски ориентиран модел.

Фото: Принтскрин
Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија донесе прелиминарна одлука за лиценцирање на „JET Bank“ (Фаза I), со што банката ќе може да врши банкарски и финансиски активности во Република Албанија, пренесуваат медиумите.
„JET Bank“ се стреми да стане првата банка во Албанија која ќе функционира целосно дигитално, комбинирајќи напредна технологија со едноставен, безбеден и клиентски ориентиран модел.
Мисијата на банката е да понуди нов модел на финансиски услуги, различен од традиционалните банкарски практики.
За време на состанокот, Надзорниот одбор беше информиран и за други аспекти на дневната оперативна и функционална активност на Банката на Албанија.
CATEGORIES Бизнис
TAGS Топ вест


