НОВА ГЛАВОБОЛКА ЗА ТРАМП – Тајланд ја напаѓа Камбоџа, Трамповиот мировен план падна во вода

Тајланд започна воздушни напади долж границата со Камбоџа, обвинувајќи ја соседната земја за кршење на примирјето.

НОВА ГЛАВОБОЛКА ЗА ТРАМП – Тајланд ја напаѓа Камбоџа, Трамповиот мировен план падна во вода
Фото: Принтскрин

Тајланд започна воздушни напади долж границата со Камбоџа, соопшти тамошната војска. Двете земји се обвинуваат за кршење на примирјето, постигнато со посредство на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тензиите ескалираа откако Тајланд минатиот месец ги суспендираше мерките за деескалација, по сериозната повреда на еден тајландски војник во минско поле, за кое Бангкок тврди дека неодамна го поставила Камбоџа. Камбоџа ги отфрла овие обвинувања.

Со денешните воздушни напади од страна на Тајланд е прекршен договорот за прекин на огнот, посредуван од американскиот претседател Доналд Трамп.

Тајландската војска соопшти дека нападите следеле по смртта на еден и ранувањето на четворица нивни војници во судирите по границата. Првите снимки од нападот се појавија на социјалните мрежи и наводно покажуваат бомбардирање на камбоџанска воена зграда.

Генерал-мајор Винтаи Сувари изјави дека целта биле камбоџански позиции од кои се стрелало по тајландската база Анупонг. Тајландските воздухопловни сили обвинија дека Камбоџа мобилизира тешко оружје и прегрупира единици.

Камбоџанското Министерство за одбрана пак, ја обвини Тајланд за ескалацијата, тврдејќи дека Камбоџа не возвратила на нападот. Двете страни размениле оган, при што досега загинале најмалку 48 лица, а околу 300.000 биле евакуирани.

Конфликтите меѓу двете земји траат со децении поради територијален спор од колонијалниот период. Во јули оваа година, петдневниот граничен конфликт предизвика десетици жртви и принудна евакуација на околу 200.000 жители.

Што се однесува до воените потенцијали тие се на страната на Тајлад. Имено, Камбоџа во 2024 година имала буџет за одбрана од 1,3 милијарди долари и 124.300 активни војници. Вооружените сили се формирани во 1993 година со спојување на поранешната комунистичка армија и две армии на отпорот.

Копнената армија брои околу 75.000 војници, поддржани со повеќе од 200 тенкови и околу 480 артилериски единици.

Тајланд, пак, е меѓу главните сојузници на САД кои не се членки на НАТО, со многу голема и добро финансирана армија. Буџетот за одбрана за 2024 година изнесува 5,73 милијарди долари, со над 360.000 активни војници.

Тајландската копнена армија брои 245.000 војници, вклучувајќи 115.000 регрути, околу 400 тенкови, над 1.200 оклопни транспортери и околу 2.600 артилериски единици.

Камбоџа има околу 1.500 војници во воздухопловните сили, со релативно мала флота: 10 транспортни авиони, 10 хеликоптери, 16 повеќенаменски хеликоптери (вклучувајќи шест Ми-17 и 10 кинески З-9), но нема борбени авиони.

Тајланд, спротивно, има една од најмоќните воздухопловни сили во Југоисточна Азија: околу 46.000 лица, 112 авиони, вклучувајќи 28 Ф-16, 11 шведски Грипен и десетици хеликоптери, како и беспилотни летала.

Камбоџанската морнарица брои околу 2.800 лица, вклучувајќи 1.500 морнарички пешадинци, со 13 патролни и крајбрежни бродови и еден амфибиски десантен брод.

Тајландската морнарица е значително поголема, со речиси 70.000 лица, меѓу кои морнаричка авијација, маринци, крајбрежна одбрана и регрути. Флотата вклучува носач на авиони, седум фрегати, 68 патролни и крајбрежни бродови, амфибиски бродови за стотици војници и 14 помали десантни бродови.

Дивизијата за морнаричка авијација на Тајланд има сопствени авиони, хеликоптери и беспилотни летала, со 23.000 морнарички корпус и десетици вооружени борбени возила.

CATEGORIES
TAGS
Share This