ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЈА БЛОКИРАА ГРАНИЦАТА Парализиран граничниот сообраќај со Македонија

Протестите повторно го прекинаа сообраќајот на најфреквентниот премин со Грција.

ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЈА БЛОКИРАА ГРАНИЦАТА Парализиран граничниот сообраќај со Македонија
Фото: Национал

Од 11:00 часот денеска целосно е блокиран сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица), и за влез и за излез од државата. Причината е нов протест на грчките земјоделци кои ја затворија границата.

Проблеми има и на преминот Ники (Меџитлија), каде сообраќајот е ограничен. Таму блокадата важи само за товарни возила и автобуси, додека патничките автомобили слободно се пропуштаат.

Единствениот премин на кој сообраќајот се одвива нормално е Дојран. Сепак, поради затворањето на другите две гранични точки, таму е забележан значително зголемен проток на возила, што предизвикува задржувања и подолги периоди на чекање при влез во државата.

CATEGORIES
Share This