ОД КЕЛНЕРКА ДО МИЛИОНЕРКА Софи Рејн го шокираше светот со заработката
Таа сподели екран-шот од својата заработка и изрази благодарност за времето на платформата.

Ѕвездата на OnlyFans, Софи Рејн, која инсистира дека е невина, откри дека за само две години заработила над 95 милиони долари на платформата за возрасни, предизвикувајќи бурни реакции. Таа сподели снимка од екранот со својата заработка на социјалните мрежи и напиша:
„Благодарна сум за двете години што ги поминав тука“.
Нејзините следбеници беа воодушевени од оваа бројка. Некои од коментарите гласеа:
„Нема шанси да заработи повеќе од Леброн Џејмс“, „Ова ќе ме натера да отворам профил на OnlyFans“, „Кажувајте што сакате за неа, но таа не е само деловна жена, туку и им помага на многу обични луѓе во светот“.
Пред да се посвети на OnlyFans, Софи работела како келнерка. Кога добила отказ, пријателите ја поддржале во идејата да започне со онлајн кариера. Таа открила и дека нејзините родители немаат ништо против нејзиниот избор.
„Сега моите родители не мора да живеат од плата до плата за да ги покријат сметките. Татко ми се расплака кога сфати што направив. Ме прегрна посилно од кога било и постојано ми се заблагодаруваше“, откри Софи.


