ОДЛОЖЕНИ ДЕНЕШНИТЕ АКТИВНОСТИ НА МИЦКОСКИ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ Владата смирува – нема простор за загриженост
Владата уверува дека здравствената состојба на премиерот е стабилна и без сериозни ризици.

Премиерот Христијан Мицкоски има привремено нарушена општа кондиција поради сезонски фактори, информираа од Владата во врска со неговата здравствена состојба. Утринава, Владата испрати соопштение до медиумите во кое беше наведено дека премиерот нема да присуствува на Бизнис форумот Скопје поради здравствени причини.
„Поради кратко нарушување на општата кондиција, предизвикано од сезонски фактори карактеристични за овој период, премиерот направи кратка здравствена пауза. Нема причина за загриженост, но поради претпазливиот пристап на здравствените работници беше одложен планираниот настан за побрзо закрепнување“, соопштија од Владата.
Оттаму додаваат дека премиерот ќе се врати на работните активности веднаш штом здравствените околности го дозволат.


