ПАРЛАМЕНТОТ ОДОБРИ ИСТРАГА ЗА ТРАГЕДИИТЕ Со 84 гласа „за“ изгласана Анкетна комисија за Кочани, Тетово, „Беса Транс“ и Ласкарци

Иницијативата беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Не беше прифатен предлогот на СДСМ, Левица и ДУИ за одделна комисија само за Кочани.

ПАРЛАМЕНТОТ ОДОБРИ ИСТРАГА ЗА ТРАГЕДИИТЕ Со 84 гласа „за“ изгласана Анкетна комисија за Кочани, Тетово, „Беса Транс“ и Ласкарци

Со 84 гласа „за“, Собранието на 3 декември изгласа формирање Анкетна комисија што ќе ги испитува институционалните пропусти поврзани со трагедиите во Кочани, пожарот во тетовската модуларна болница, несреќата со автобусот на „Беса Транс“ и сообраќајката кај Ласкарци, во кои загинаа 138 лица.

Иницијативата беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Не беше прифатен предлогот на СДСМ, Левица и ДУИ за одделна комисија само за Кочани. Антонијо Милошоски најави дека наодите ќе бидат доставени до Владата и Обвинителството за можна политичка и кривична одговорност.

СДСМ, преку Оливер Спасовски, инсистираше на посебна комисија за пожарот во Кочани по барање на родителите и јавноста. На седницата беа усвоени и други одлуки и законски измени, како и Среднорочната програма за стоковни резерви 2026–2030.

CATEGORIES
Share This