КАМБОВСКИ ГО ДЕМАТИРА МИЦКОСКИ Судиската плата не е 180.000, туку само скромни 140.000 денари

Наместо 180.000, највисоката плата била скормни и заостанува од соседството и е далеку е и од ЕУ

КАМБОВСКИ ГО ДЕМАТИРА МИЦКОСКИ  Судиската плата не е 180.000, туку само скромни 140.000 денари
Фоито: Принтскрин

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изјави дека институцијата е при крај со подготовката на буџетот за 2025 година, во кој најголемата разлика во однос на лани ќе биде планираното вработување на дополнителен број неопходни кадри во судовите. Тој појасни дека капиталните инвестиции – реновирање, опрема и други ресурси се планираат на годишно ниво.

Во однос на предлогот на премиерот Христијан Мицкоски Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да достават прецизна листа на финансиски потреби, Камбовски порача дека целосно се согласува со таквиот пристап.

„Треба да имаме јасен буџет и план за тоа што бараме, за да може државата да ги обезбеди потребните средства“, рече тој пред почетокот на 532. седница на Советот.

Камбовски информираше дека со сите судови се направени консултации и дека во планот за вработување се вклучени само минимално потребните човечки ресурси за одржливо функционирање. Според примерите што ги наведе, доколку се вработат околу 300 лица, тоа ќе го зголеми буџетот за нивните бруто-плати.

Во врска со јавните тврдења дека претседателите на судовите земаат и по 180.000 денари плата, Камбовски категорично демантираше и наведе неколку примери: судија во основен суд со основна надлежност: 86.623 денари нето, со проширена надлежност: 89.346 денари нето, претседател на основен суд: 99.112 денари нето, судија во Врховен суд: 105.000 денари нето и претседател на Врховен суд: 114.000 денари нето

Просечната нето-плата во Врховниот суд во 2024 година, со пресметан минат стаж, изнесувала 128.000 денари, а највисоко исплатената судиска плата годинава била 139.738 денари нето.

Тој додаде дека додатоците за доверливост и ризик не се редовни и зависат од средствата во буџетот, па варираат од месец во месец.

Коментирајќи ги платите во регионален контекст, Камбовски порача дека македонското судство значително заостанува зад соседните држави.

За да ги стигнеме најпрво земјите од регионот, неопходно е да се зголемат издатоците. А за ЕУ, тука веќе и нема што да се зборува“, истакна тој.

CATEGORIES
TAGS
Share This