ПО ФУДБАЛСКОТО ДЕРБИ ИНЦИДЕНТИ – Приведени седум лица
Полицијата реагираше поради фрлање пиротехника и непочитување наредби

Фото: Принтскрин
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршување на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи, информира МВР.
Според министерството, инцидентите се случиле по денешниот (30.11.2025) натпревар од Првата македонска фудбалска лига, одигран на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“. Лицата биле приведени поради фрлање пиротехнички средства, со што го прекршиле Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и поради непристојно и дрско однесување и непочитување наредби од полициски службеници на две различни локации во Скопје.
Вкупно седум лица се приведени, а против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки.
CATEGORIES Фудбал

