АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ ПРЕД ФИНАЛНАТА БОРБА Подготвен сум да ја вратам титулата

АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ ПРЕД ФИНАЛНАТА БОРБА Подготвен сум да ја вратам титулата

Македонецот Александар Волкановски е целосно фокусиран и подготвен за нов предизвик – престојниов викенд ќе се соочи со Диего Лопез во главната борба на УФЦ 314, што ќе се одржи во Мајами, САД. На линија повторно е шампионската титула во перо категорија, а Волкановски е решен да докаже дека и понатаму му припаѓа тронот.

По поразот од Илија Топурија, со кој ја загуби титулата, и претходниот пораз со нокаут од Ислам Махачев во борба за лесната категорија, Волкановски признава дека научил многу и се враќа помотивиран од кога било досега. Иако дел од навивачите се сомневаат во неговиот камбек, тој е уверен дека ќе го замолчи секој критичар.

„Диего е агресивен, но ќе го искористам тоа против него. Знам точно како да се соочам со него. Нема да биде лесно финале, но ветувам дека тоа ќе биде едно од најдобрите враќања досега. Ја враќам оваа титула во Австралија и ќе ја бранам. Пораснав како борец. Сега е време да им покажам на сите дека се уште го носам шампионот во себе. Дали сум се уште истиот борец? Дали сум премногу стар? Одговорив на овие прашања и повторно се пронајдов себеси“ – изјави Волкановски.

Со импресивен професионален скор од 26 победи и 4 порази, Волкановски зад себе има пет успешни одбрани на титулата и победи против елитни борци како Макс Холовеј, Брајан Ортега, Жозе Алдо, Чад Мендез, Чан Сунг Јунг и Јаир Родригез. Против Лопез, тој има јасна цел – да покаже дека сè уште е елита во перо категоријата.

CATEGORIES
Share This