ЗАВРШИ СРЕДБАТА ПОМЕЃУ ВЛАДИМИР ПУТИН И ВИКТОР ОРБАН Односите помеѓу двете земји стабилни

Двајцата разговараа за војната во Украина и за билатералните односи.

ЗАВРШИ СРЕДБАТА ПОМЕЃУ ВЛАДИМИР ПУТИН И ВИКТОР ОРБАН Односите помеѓу двете земји стабилни

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва траеше речиси четири часа. Двајцата разговараа за војната во Украина и за билатералните односи.

Путин изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп предложил да се одржат разговори меѓу Русија и САД во Унгарија, што Москва го прифаќа доколку двете страни се согласат. Тој ја пофали избалансираната позиција на Унгарија за Украина.

Орбан рече дека е подготвен да обезбеди платформа за такви преговори и изрази надеж дека мировните иницијативи ќе донесат резултати.

Путин нагласи дека односите меѓу Русија и Унгарија остануваат стабилни и продолжуваат да се развиваат, особено во енергетскиот сектор, каде трговијата е зголемена за 7%. Орбан истакна дека Унгарија ја цени сигурната испорака на руска енергија и дека ќе продолжи со увозот на нафта и гас.

На состанокот учествуваа и Лавров, Ушаков и Новак.

CATEGORIES
Share This