ПРЕМИЕРОТ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Би сакал да не сум во право, но што ако сум

Премиерот изјави дека добил информации за потпишан извештај на судијката известителка за укинување на линеарното зголемување на пензиите.

ПРЕМИЕРОТ ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Би сакал да не сум во право, но што ако сум
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вчера добил информации дека во Уставниот суд е отпочната постапка за укинување на линеарното зголемување на пензиите, кое требаше да започне од наредниот месец. Според него, судијата известител веќе ставила потпис на конечен извештај за укинување на зголемувањето. Мицкоски го кажа тоа на собраниската седница за пратенички прашања, но нагласи дека точноста на информацијата ќе се потврди многу наскоро.

„Бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и дека судијата известител ставил потпис на конечниот извештај. Дали тоа ќе се случи, ќе видиме наскоро. Би сакал да не сум во право, но што ако сум? Тогаш кој прави хаос и кој свесно го удира стандардот на пензионерите?“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата со мерките за линеарно покачување сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензионери, додека, според него, некои други имаат различни намери.

На вчерашната седница Мицкоски рече дека повеќе од 70% од пензионерите од следниот месец би добивале помали пензии поради иницијативата на судијката на Уставниот суд, за која, според него, веќе била потпишана одлуката.

„Судијката, заедно со една друга обвинителка, кои некогаш беа познати по неправдите во судството, денес им пречи линеарното зголемување на пензиите“, истакна премиерот.

Уставниот суд соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука по предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат како линеарно зголемување на пензиите.

Судот посочи дека на 24. седница, одржана на 19.11.2025 година, со мнозинство гласови изразил сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот.

„Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога предметот ќе биде ставен на седница за гласање“, посочија од Судот.

CATEGORIES
TAGS
Share This