КРИЗАТА ВО ЛИВЕРПУЛ Слот под притисок со ултиматум!

Ливерпул се соочува со сериозна криза оваа сезона, што беше потврдено со поразот од ПСВ (1:4) на домашен терен во Лигата на шампионите. Овој неуспех доведе до итен состанок на раководството на клубот, на кој се разгледуваше иднината на тренерот Арне Слот. По успешната мината сезона, кога Слот го презеде тимот од Јирген Клоп, актуелните резултати значително заостануваат зад очекувањата, што создава страв и несигурност во редовите на „Црвените”.
Кризата во Ливерпул е без преседан, а поразот од ПСВ, кој постигна четири гола, ја заостри ситуацијата. Стрелците за холандскиот тим беа Периќ, Тил и два пати Дриеуш, додека единствениот гол за Ливерпул го постигна Собослај. По овој неуспех, повторно се актуелизираа шпекулациите за можен отказ на Слот, а управата на клубот се соочува со предизвикот да реагира навреме за да ја спаси сезоната.
Според информациите од англиските медиуми, на состанокот на „Енфилд“ му била изразена поддршка на Слот, но истовремено му бил поставен ултиматум. Тој мора да ги подобри резултатите во наредните три натпревари, во кои Ливерпул нема право на грешка и мора да освои девет поени за да остане на чело на тимот. Слот е под огромен притисок и времето му истекува.

