ЌЕ ПАДНЕ ЛИ АХМЕТИ – ДУИ се подготвува за клучниот Петти конгрес
Стратешките насоки на внатрешната и надворешната политикаќе бидат под лупа на претстојниот конгрес

Демократската унија за интеграција на 20 декември ќе го одржи својот петти конгрес, кој, како што соопшти партијата, ќе биде клучен за утврдување на идниот политички, организациски и програмски курс.
На денешната седница на Генералниот совет се одржа широка расправа за актуелните политички состојби, реформските процеси и предизвиците со кои се соочува државата. Членовите на Советот ги разгледале стратешките насоки на внатрешната и надворешната политика, повторно нагласувајќи ја улогата на ДУИ како фактор на стабилност и како важен партнер во евроатлантските интеграции.
Централна точка на седницата биле подготовките за Петтиот конгрес, оценет како пресуден за дефинирање на политичката визија на партијата, јакнење на внатрепартиската демократија и осовременување на нејзините структури.
ДУИ најавува дека во периодот до конгресот ќе ги засили организациските активности на сите нивоа, со цел настанот да се одржи транспарентно, ефикасно и со целосна вклученост на делегатите и партиските тела.

