ПРЕТСТАВНИКОТ НА ТРАМП ПОВТОРНО ВО РУСИЈА Ќе се види ли со Путин и се крчка ли големиот план за мир во Украина?

Виткоф е влијателен преставник на Трамп кој е вклучен во разговорите за мир Украина, но, исто така е Трампов преставник и за Блискиот исток и е вклучен и во разговорите околу нуклеарната програма на Иран кој е близок со Москва, додека со Вашингтон нема дипломатски односи 45 години

ПРЕТСТАВНИКОТ НА ТРАМП ПОВТОРНО ВО РУСИЈА Ќе се види ли со Путин и се крчка ли големиот план за мир во Украина?

Денеска во Русија повторно дојде Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на руско-американско зближување и дипломатски разговори со цел да се стави крај на војната во Украина.

„Потврдувам, тој навистина пристигна во Русија“, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

На прашањето за можна средба со претседателот Владимир Путин, Песков одговори:

„ако е така, ќе кажеме“.

Виткоф по пристигнувањето во Санкт Петербург се сретна со економскиот преговарач на Кремљ Кирил Дмитриев кој пак, од своја страна го посети Вашингтон на почетокот на април, што е прва посета на висок руски функционер на САД од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Инаку, Виткоф е влијателен преставник на Трамп кој е вклучен во разговорите за мир Украина, но, исто така е Трампов преставник и за Блискиот исток и е вклучен и во разговорите околу нуклеарната програма на Иран кој е близок со Москва, додека со Вашингтон нема дипломатски односи 45 години.

Претседателот Доналд Трамп сака да се приближи до Русија, од која колективниот Запад држи дистанца по инвазијата на Украина. Трамп сака да стави крај на војната, во која загинаа десетици илјади луѓе, што е можно поскоро.

CATEGORIES
TAGS
Share This