Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) соопшти дека влезот за претстојниот дуел меѓу сениорската репрезентација на Македонија и националниот тим на Азербејџан ќе биде целосно бесплатен за сите гледачи.
Овој натпревар, прв во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2029, ќе се одигра во четврток, 27 ноември, со почеток во 19:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Од КФСМ апелираат љубителите на кошарката да ја исполнат салата и да им дадат силна поддршка на избраниците на селекторот Марјан Илиевски на стартот од новиот квалификациски циклус.
За сите кои нема да можат да присуствуваат, обезбеден е директен телевизиски пренос на МРТ.
