ДРАМАТИЧНО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Поради опасен феномен авиони пренасочени кон Приштина

Летовите од Истанбул и Венеција не успеаја да пријдат кон пистата поради висок ризик при слетување.

ДРАМАТИЧНО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Поради опасен феномен авиони пренасочени кон Приштина
Фото: Принтскрин

Вечерва повторно се соочивме со сериозни нарушувања во авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Поради влошени временски услови и појава на опасен метеоролошки феномен наречен „смикување на ветерот“ (wind shear), кој претставува висок ризик при слетување, повеќе авиолинии беа пренасочени кон аеродроми во соседните земји.

Според првичните информации, летовите од Истанбул и Венеција не успеале безбедно да се приближат кон скопската писта и затоа биле пренасочени кон Приштина. Ситуацијата била особено напната со авионот од Венеција, кој повеќе од еден час кружел над Скопје пред да добие команда за пренасочување.

CATEGORIES
Share This