ТУРЦИЈА ГИ ЗАОСТРУВА ПРАВИЛАТА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Рекламите со „AI“ ќе мора да бидат означени

Министерството за трговија најави нова регулатива која ќе бара сите реклами на профилите на креаторите јасно да бидат означени со ознаки како #Reklam, #Sponsor или #İşbirliği, и да се наведе името на производителот.

Турција ќе воведе построги правила за рекламирање на социјалните мрежи. Министерството за трговија најави нова регулатива која ќе бара сите реклами на профилите на креаторите јасно да бидат означени со ознаки како #Reklam, #Sponsor или #İşbirliği, и да се наведе името на производителот.

Реклами што користат вештачка интелигенција за измена на производи ќе мора да бидат означени, а некои, како оние што прикажуваат AI-генерирани ликови, ќе бидат забранети. Целосно ќе се забрани рекламирање на гатачи, астролози, игри на среќа и производи што тврдат дека заменуваат храна или лечат болести.

CATEGORIES
Share This