ЗДРАВЈЕТО НА БРИЖИТ БАРДО ЗАГРИЖУВА Повторно хоспитализирана
Ова е нејзино второ хоспитализирање за краток период – на почетокот на октомври Бардо помина три недели во истата болница поради здравствен проблем и мала процедура.

Актерската легенда Брижит Бардо (91) повторно е итно хоспитализирана во приватната клиника „Сен-Жан“ во Тулон, само неколку недели по претходната операција. Таа е примена пред околу десет дена и сè уште се лекува, објави „Дејли меил“.
Ова е нејзино второ хоспитализирање за краток период – на почетокот на октомври Бардо помина три недели во истата болница поради здравствен проблем и мала процедура. Иако по враќањето дома нејзиниот портпарол тврдеше дека е добро, француски „Нис Матен“ сега пренесува дека повторно е примена поради истата болест.
Минатиот месец Бардо мораше јавно да демантира лажна вест за нејзината смрт, објавена од француски инфлуенсер. Актерката и претходно имала здравствени потешкотии, меѓу кои и проблеми со дишењето во јули 2023 година за време на екстремните горештини во Сен Тропе.

